Нимфата е член на семејството на какадуа ендемичен вид карактеристичен за Австралија. Овие птици се посакувани како домашни миленичиња и папагали придружници низ целиот свет и се мошне едноставни за одгледување. Како птици по популарност чувани во кафез се втори веднаш зад тигриците.
Нимфата е единствениот член на родот нимфи. Претходно се сметала за папагал со перјаница или мал какаду, сепак неодамнешните молекуларни изучувања потврдиле дека припаѓа на свое сопствено потсемејство, нимфи. Затоа денес се класифицира како најмалиот член на семејството на какадуа Нимфите се домородни птици н територијата на Австралија, И ги претпочитаат како живеалиште влажните области, грмушестите области и нискостеблестите собласти на Австралија.
Истакнатата исправена цуцулка кај нимфите ја изразува нивната емотивна состојба. Цуцулката е изразено исправена во случај кога нимфата е преплашена или возбудена, кога е спуштена птицата е во опуштена состојба и кога е заремнета блиску до главата, тогаш животното завзема одбранбен став. Цуцулката е исто ткак зарамнета но накосена надвор од грбот кога нимфата се обидува да биде привлечна или пак се додворуваат. Спротивно на повеќето какадуа, нимфата има долги опашни пердуви кои се половина од вкупната должина на птицата.
No comments:
Post a Comment